ФСК на саемот во Франкфурт со дискусија за преведувањето и културните врски за време на војна

ФСК во рамките на словенечкото гостување на 75-иот Саем на книгата во Франкфурт, приготви дискусија – едукативна расправа насловена „Преводи за време на војна“ – Словенските литературни врски во време на вооружени расправи и политички конфликти во која учествуваа Драго Јанчар, украинската писателка Оксана Забужко, Георги Господинов од Бугарија и српскиот автор Александар Гаталица. Дискусијата ја водеше главниот уредник на збирката „Сто словенски романи“, Милан Вешковиќ.

 

Независно од фактот дека словенските јазици се блиску еден до друг и дека воглавно станува збор за тесноповрзани култури кои меѓусебно комуницираат и се развивале низ тесни меѓусебни взаемни односи, сепак, нивните односи во рамките на литературата не секогаш се хармонични и континуирани и истите варираат помеѓу периоди на интензивна соработка до периоди на пренебрегнување и одбивност. Распадот на Југославија, транзицијата и тековната војна во Украина ги обележаа културните врски и сè уште продолжуваат да го прават тоа.

 

Учесниците разговараа и споделуваа искуства во рамките на писателските води и меѓусебната соработка за време на војната во некогашна Југославија. Едногласни беа дека војната и конфликтите поситната литература ја ставаат во средина на интерес, но за жал не поради оправдани и правилни причини. Имено, интересот го води првенствено желбата за да се разбере моменталната состојба, многупати се занемарува фактот дека фикцијата, по зборовите на Александар Гаталица е всушност само фикција а не историски учебник. Литературата за време на војна останува во позадина – спомна Драго Јанчар, кој исто така се произнесе дека во деведесетите години од минатиот век, одржувал врски со колегите писатели, но меѓународните преводи во тој неубав период се намалиле.

Оксана Забужко потенцираше дека некогашната југословенска литература е доста почитувана и ценета во Украина, често преведувана и според неа, заради тоа што добро ги опишува и доловува искуствата на луѓето за време на војна. Литературата го поткрепува и побудува интересот за истата само тогаш кога во државата се случува нешто големо, нешто лошо како што е војната. Некогаш тоа важеше за чешката и полската литература, сега пак, е во предност украинската. Војната влијае и на односот помеѓу руските и украинските писатели.

Во завршницата од дебатата, Гаталица го истакна значењето на збирката Сто словенски романи, која со досегашните стотина преведени прозни акценти обезбедува подобро познавање, поблиски контакти и промоција на словенските литератури.

Георги Господинов ги разложи стереотипните очекувања при восприемањето на литературните дела од страна на одредени држави. „Исто во Бугарија се заљубуваме, стапуваме во брак, се разведуваме и умираме заради природни причинители“ порача овогодинешниот приемник на меѓународната Booker награда.

Целосната дискусија е достапна на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=aTrZDK9D8uQ

Слика: Сабина Фелбер

Scroll to Top