Во Горица ќе заживее животниот пат на Љупка Шорли

ФСК со неговиот партнер – Центарот за Култура Лојзе Братуж, Горица, на првиот распис на Заводот за мали проекти GO! 2025, го пријави проектот Културна рута во чест на  Љупка и доби финансиска поддшка за реализација на културно-туристички мост, посветен на Љупка Шорли и писателите од Горица.

Во рамките на овој проект партнерите планираат рекреативна и велосипедска патека по стапките на поетесата Љупка Шорли и нејзините литературни претходници и наследници. Патеката ќе ги води посетителите по нејзините животни и литературни патешествија и ќе поврзува пошироки области на двете страни на границата и истата ќе се протега сè до Толмин – местото каде Љупка Шорли се родила и пораснала.

ФСК и Центарот за Култура Лојзе Братуж планираат многубројни активности во соработка со Културните рути на писателките, Културни рути на Европскиот Совет – институции чиј покровител и активен член е ФСК. Заедно со експерти и различни организации од повеќе ограноци, партнерите ќе изведат низа едукативни и културни програми и настани и ќе издадат литературен водич за животниот пат на Љупка, воедно и збирка на дела на пренебгренати и запоставени литературни дејци кои живееле во рамките на овие простори.

Директорката на ФСК – д-р Андреја Рихтер го претстави проектот на првата средба во новата сезона на Форумот на идеи – истата ја подготви Словенечката културно-економска асоцијација со програмата Раи во Фурално-Јулските краеви.

Фото: Роберто Марега

Scroll to Top