ФСК Центри

Мисијата на центрите е развој на меѓународна соработка, приближување на словенското културно наследство до пошироката јавност и зајакнување на културните врски помеѓу Словените. Центрите градат мостови преку културните и политичките граници, отворајќи ги своите врати кон културата, образованието, науката и развојот.

Моментално постојат следните ФСК центри:
“Центрите на словенските култури станаа центри каде што се собираат корисниците, професионалците и пошироката јавност, придружени од љубопитните глави кои сакаат да дознаат повеќе за Словените од новата ера и сите други кои се во потрага кон нови погледи за иднината.”

ФСК ЦЕНТАР РАДЉЕ КРАЈ ДРАВА
Радље крај Драва / Словенија

Од 2014 година
Првиот центар на Форумот на словенските култури беше отворен по повод 10-годишнината од основањето на фондацијата и како дел од настаните под заедничкото име Чиста 10-ка! Беше отворен од страна на Алан Буковник, градоначалникот на општината Радље крај Драва и Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури.

Партнери

ФСК ЦЕНТАР МОСКВА
Москва / Русија

Од 2016 година
Меѓународната фондација Форум на словенските култури со седиште во Љубљана, во соработка со Серуската библиотека за странска литература Рудомино, го отвори Центарот на словенските култури во Москва во присуство на амбасадорите од бројни словенски земји. Претставува центар во кој, и преку книги и преку разновидна програма, ќе се зачува и презентира културното наследство на словенските земји.

Свечената лента ја пресече др. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, заедно со Ала Манилова, заменик-министер за култура на Руската Федерација и Вадим Дуда, директор на Рудомино, во присуство на Михаил Швидко, специјалниот пратеник на рускиот претседател за меѓународна културна соработка.

Партнери


Белград / Србија

Од 2018 година
На денот на одбележувањето на 186-годишнината на Националната библиотека на Србија, српскиот министер за култура и информации Владан Вукосавлевиќ го отвори Центарот на словенските култури Белград.

Location
National Library of Serbia
Skerlićeva 1, 11 000 Belgrade, Serbia

Партнери

Coordinates of this location not found

Новости

Маја Гојковиќ, претседателката на Управниот одбор на ФСК, на работна средба во Вила Златица

На работната средба во Вила Златица, вицепремиерката, министерка за култура на Република Србија и претседателката на Управниот одбор на ФСК, Маја Гојковиќ и директорката на Форумот на словенските култури, Андреја Рихтер, разговараа за спроведувањето на програмата на ФСК насочена кон промоција на културата на словенските земји.

Проекти »

ФСК на руско-српскиот културен форум

На покана на Маја Гојковиќ, српски вицепремиер и министер за култура и медиуми и заменик-претседател на ФСК, и Олга Јарилова, заменик-министер за култура на Руската Федерација, Форумот на словенските култури присуствуваше на руско-српскиот културен форум во Белград. Главен фокус на руско-српскиот форум беа културата и туризмот, а учесниците беа претставници на библиотеки, театри, филмска индустрија

Проекти »

ФСК во работна посета на Москва

За време на работната посета на рускиот главен град, Форумот на словенските култури се состана со своите постојани партнери во проектот, како и со заменик-министерот за култура на Руската Федерација, Ала Манилова и Евгениј Примаков, шеф на федералната агенција Росотрудничевство. Директорката на Форумот на словенски култури (ФСК) др. Андреја Рихтер за време на својата работна

Проекти »
Scroll to Top