ФСК во работна посета на Москва

За време на работната посета на рускиот главен град, Форумот на словенските култури се состана со своите постојани партнери во проектот, како и со заменик-министерот за култура на Руската Федерација, Ала Манилова и Евгениј Примаков, шеф на федералната агенција Росотрудничевство.

Директорката на Форумот на словенски култури (ФСК) др. Андреја Рихтер за време на својата работна посета на Москва, се состана со Ала Манилова, заменик-министер за култура на Руската Федерација и претставниците на руското Министерство за надворешни работи. Рихтер ја претстави работата на ФСК во последните година и половина и истакна дека институцијата брзо и соодветно се прилагодила на новите поинакви услови за работа. Руската страна процени дека ФСК има направено огромен напредок во последните неколку години и дека развојот на настаните е видлив на сите нивоа. ФСК и оваа година повторно ќе биде гостин на ноемврискиот Меѓународен културен форум во Санкт Петербург. За време на форумот, како и претходните години, се очекува да се состанат и министрите на словенските земји.

Центарот на словенските култури Москва е многу успешен во рускиот главен град. Во рамките на проектот Сто словенски романи, постои долга и плодна соработка со Институтот за преведување, а врските со Руската национална библиотека стануваат сè поинтензивни. Доколку условите дозволат, ФСК, во соработка со Институтот, на крајот на оваа година во Москва ќе ја одбележи 15-годишнината од збирката Сто словенски романи.

На работната средба со Евгениј Примаков, шеф на федералната агенција Росотрудничевство, др. Рихтер разговараше за можностите за соработка во сите словенски земји и во разни проекти. Една од главните заеднички цели на двата партнери е развој и воспоставување мостови во локалните заедници. Првиот проект за соработка, Словенски годишни сезони, се очекува да заживее наесен оваа година, во Словенија, во замокот Богеншперк. Слични циклуси на настани подоцна се очекува да се организираат и во другите словенски земји.

Scroll to Top