Новости

Архива

Во Вила Златица за поврзаноста и музеите за време на криза

Првиот семинар на Меѓународната златна мзеолошка програма – Вила Златица со наслов „Поврзаноста и музеите за време на криза“ се случи на 22-ри и 23-ти октомври во Вила Златица во Љубљана и истиот се задржа на актуелните кризни прашања и нивната поврзаност со музејската теорија и пракса. Главната цел на програмата беше отворен широк дискурс за улогата и целта на музејските институции за време на овој нестабилен, критичен и тежок временски период.

Проекти »

ФСК на саемот во Франкфурт со дискусија за преведувањето и културните врски за време на војна

ФСК во рамките на словенечкото гостување на 75-иот Саем на книгата во Франкфурт, приготви дискусија – едукативна расправа насловена „Преводи за време на војна“ – Словенските литературни врски во време на вооружени расправи и политички конфликти во која учествуваа Драго Јанчар, украинската писателка Оксана Забужко, Георги Господинов од Бугарија и српскиот автор Александар Гаталица. Дискусијата ја водеше главниот уредник на збирката „Сто словенски романи“, Милан Вешковиќ.

Проекти »

Во Горица ќе заживее животниот пат на Љупка Шорли

ФСК со неговиот партнер – Центарот за Култура Лојзе Братуж, Горица, на првиот распис на Заводот за мали проекти GO! 2025, го пријави проектот Културна рута во чест на Љупка и доби финансиска поддшка за реализација на културно-туристички мост, посветен на Љупка Шорли и писателите од Горица.

Проекти »

На свечената церемонија во Братислава, ФСК ги награди најдобрите словенски музеи со наградата Жива 2023!

Од 2-ри до 4-ти октомври 2023 година, Форумот на словенските култури по деветти пат ги собра номинираните словенски музеи на едно место и ги прогласи добитниците на наградата Жива 2023-та година.

Проекти »

Прогласени победниците на наградата Heritage in Motion!

Како дел од конференцијата на Европската академија на музеи, која се одржа меѓу 14-ти и 16-ти септември 2023 година, во Националниот музеј Банат во Темишвар, Романија беа објавени победниците на наградата Heritage in Motion 2023 година.

Проекти »

„Културните рути на писателките“ на свечена церемонија го добија сертификатот за културна рута на Советот на Европа

„Културните рути на писателките“, кои поврзуваат седум земји и се посветени на женските авторки од почетокот на 19-от и 20-от век и нивниот инспиративен живот и литературни приказни, минатата година го добија сертификатот „Културни рути“ на Советот на Европа и станаа 48-ма европска културна рута која може да се пофали со оваа престижна титула и прва со седиште во Словенија, а сертификатот годинава го добија на свечена церемонија и во матичната земја.

Проекти »

Трансформации: од словенската традиционална носија до модерни креации

Помеѓу 6-ти и 26-ти септември 2023 година, во Музејот на применетата уметност во Белград се одржа изложбата Трансформации: од словенската традиционална носиja до модерни креации, која беше создадена во соработка со Форумот на словенските култури, Музејот на применетата уметност (Белград) и Министерството за култура на Република Србија. Кустот на изложбата беше Станислава Вауда Бенчевиќ.

Проекти »

ФСК на вториот Фестивал на словачкото наивно сликарство во Србија

Форумот на словенските култури се претстави на вториот фестивал на словачкото наивно сликарство во Србија и се вклучи во активностите за промоција и проучување на оваа ликовна уметност, која е вклучена во списокот на нематеријално културно наследство во Србија и се натпреварува за вклучување во листата на УНЕСКО.

Проекти »

Во Бугарија средба на ФСК со претставници на Министерството за култура и музејот „Етар“.

Активностите на Форумот на словенските култури за 2024-тата година се во полн ек. Директорката Андреја Рихтер во август ги посети претставниците на Министерството за култура и регионалниот етнографски музеј на отворено во Бугарија „Етар“. Работната средба беше насочена кон зајакнување на меѓусебната соработка и планирање на доделувањето на наградата Жива за 2024-та година.

Проекти »

За современите словенски стрипови во градината на Вила Златица

Друштвото на словенски литературни преведувачи (ДСЛП) уште еднаш ги доведе учесниците на Меѓународниот преведувачки семинар на словенската литература во градината на Вила Златица. Овој пат дискусијата беше за иднината на современите словенски стрипови и како да се справиме со преводот на „облачињата“ во нив.

Проекти »
Scroll to Top