Во Вила Златица за поврзаноста и музеите за време на криза

Првиот семинар на Меѓународната златна мзеолошка програма – Вила Златица со наслов „Поврзаноста и музеите за време на криза“ се случи на 22-ри и 23-ти октомври во Вила Златица во Љубљана и истиот се задржа на актуелните кризни прашања и нивната поврзаност со музејската теорија и пракса. Главната цел на програмата беше отворен широк дискурс за улогата и целта на музејските институции за време на овој нестабилен, критичен и тежок временски период.

Представниците го обработија тоа средишно прашање и се согласија дека музеите се важни и доверливи општествени институции кои имаат важна улога при заштитата на културното наследство и истовремено тие подобро ја обликуваат иднината.  Во програмата учествуваа музеологот  Петар Ван Менш и Леонтин Меијер-Ван Менш, кои ја посетија Словенија после подолг временски период, Андреја Рихтер (Словенија), Тина Палаиќ (Словенија), Лидија Никочевиќ (Хрватска), Павел Доуша (Чешка), Неда Кнежевиќ (Србија), Тијана Палкојевиќ-Бугарски (Србија) и Мери Стојанова (Северна Македонија).

Првиот семинар на Златната музеолошка програма, кој се фокусираше на врските и музеите за време на кризи, ја потврди важноста од отворање и анализа на дискурси за критичните и тешки времиња од перспектива на наследството и музеите, така што Златната музеолошка програма на Форумот на словенските култури ќе ја промовира оваа тема и во наредните години.

Scroll to Top