За предизвиците на изложбите на Пиранова симпозиумот

Форумот на словенските култури во рамките на програмата Пиранова – Меѓународен центар за истражување на културното наследство, го организира четвртиот меѓународен симпозиум, овојпат под наслов Предизвици на изложбите. Покрај предавањата и презентацијата на книгата Развој на изложбите (Developing exhibitions), се одржаа и две работилници.

Десет експерти од осум различни земји учествуваа на предавањата од четвртиот меѓународен симпозиум Пиранова, кој повторно се одржа на далечина. На истиот присуствуваа повеќе од 30 учесници. Во првиот дел, специјалните гости, Масимо Негри и Дирк Хаутграф, ја претставија својата нова книга под наслов Развој на изложби: постои метод во ова лудило (Developing Exhibitions: there is a method in this madness). Потоа следуваше предавање на Игор Мароевиќ од хрватскиот тифлолошки музеј и презентација на Искрен Великов, кој дискутираше за два случаи на регионалниот историски музеј Русе во Бугарија. Маја Миноска Павловска од Музејот на македонската борба за независност презентираше комуникација од нивниот музеј за време на пандемијата, а Виргил Штефан Нитулеску од Романија одржа предавање за предизвиците за подготовка на нови постојани изложби. Румјана Денчева од Етнографскиот музеј на отворено ETAR ја претстави изложбата Времиња на мажите (Men’s Times).

Во вториот дел од симпозиумот, се одржаа две работилници, водени од Рене Каповин и Елија Влахо. Црвена нишка на работилниците беа прашања во врска со пристапите при подготовката на постојани и повремени музејски изложби од различни аспекти: интерни и екстерни човечки ресурси, подготовка на содржина зависна од просторот, дигитална продукција, основна намена, финансиски ресурси…).

Како и досега, ФСК ќе изврши евалуациска анализа, која исто така ќе биде основа за подготовка на следниот меѓународен симпозиум. Истиот се очекува да биде одржан во април годинава.

Scroll to Top