Селидбата на канцелариите на ФСК во полн ек

Меѓународната фондација Форум на словенските култури започна да се сели во нови простории, во реновираната Вила Златица на некогашниот градоначалник на Љубљана – Иван Хрибар. Изложбата Иван Хрибар и славистиката најпрво ќе бидат изложени во привремениот изложбен простор. Вратите на Вила Златица се очекува да бидат отворени за посетителите во мај.

Форумот на словенските култури ќе добие нови простории во Вила Златица каде што ќе се наоѓа и постојаната музејска изложба на Музеите и галериите на градот Љубљана, а ќе започне со работа во април. Во деновите кога селидбата е во полн ек, меѓу другото, се одвива и уредувањето на библиотеката на Хрибар која што зад своите стаклени врати ФСК ќе биде збогатена со книги од збирката 100 словенски романи. Посебна карактеристика на библиотеката ќе биде и работната маса на Хрибар со другите негови зачувани предмети.

Со преселување во нови простории, Форумот на словенските култури ќе продолжи да ги спроведува досегашните содржини на програмата, и истовремено, ќе започне да ги надградува истите во соработка со Музеите и галериите на градот Љубљана, бидејќи вилата со својата градина нуди уникатен амбиент за настани од поинтимна природа. Покрај книжевните настани каде што вилата ќе биде домаќин и на бројни писатели со својата библиотека под крошната, ќе бидат организирани и меѓународни стручни средби и обуки од областа на материјалното и нематеријално наследство, дипломатски настани, како и настани за пошироката јавност.

Scroll to Top