За културните рути на писателките во хрватскиот Огулин

Делегацијата на Форумот на словенските култури се состана со градоначалникот и директорката на Куќата на бајките на Ивана за време на својата работна посета на Огулин, Хрватска. Установата, е исто така, национален координатор на проектот Културни рути на писателките во Хрватска.

Откако беше основано здружението Културни рути на писателките, кое ќе биде носител на европските културни рути, партнерите официјално започнаа активно да се ангажираат во проектот. Покрај Центарот за женски студии во Загреб, во проектот Културни рути на писателките од Хрватска се приклучија и градот Огулин и Куќата на бајките на Ивана. Истата е и национален координатор на Културните рути во Хрватска. Далибор Домитровиќ, градоначалникот на Огулин, Тихана Турковиќ, директорката на Куќата на бајките на Ивана и во име на Форумот на словенските култури, директорката Андреја Рихтер и Матеја Јанчар, раководител на проектот, зборуваа за целите на здружението, планираните активности и пријавата за сертификатот Културна рута на Советот на Европа.

Марија Јуриќ Загорка и Ивана Брлиќ Мажураниќ ќе бидат во првите редови на хрватскиот дел од Културните рути на писателките, кои исто така се презентирани во научното списание под наслов Пркосни траектории: Мапирање на патиштата на словенските жени-писателки (Defiant Trajectories: Mapping out Slavic Women Writers Routes).

Scroll to Top