И покрај пандемската состојба, надлежните министерства во словенските земји ги назначија своите членови за Проектната група на ФСК културното наследство, а истите беа во можност да започнат со работа. На првиот состанок на далечина (10 ноември), тие се запознаа со нацрт-стратешки план за културно наследство за период од пет години, а потоа во билатералните разговори беа разгледани нови активности што исто така вреди да се вклучат во именуваниот документ. Меѓу другото, предложија вклучување на националните библиотеки, подготовка и имплементација на виртуелни обиколки на археолошкото наследство во словенските земји, а понатаму и виртуелни обиколки на музеите. Нацрт-стратешкиот план за културно наследство 2021-2026 исто така би требал да вклучува воспоставување на дигитална платформа за културното наследство на словенските земји и организирана размена на искуства за новото законодавство во одделни земји.
Почетоците на работата на Проектната група за културно наследство на ФСК се добар водич за понатамошна работа, како и поттик за дополнителни предлози и надградба на стратешкиот план кој е во подготовка.