За полифонијата на музеите на Пиранова симпозиумот

Предавањата на 12 експерти од 6 различни земји беа поделени во два тематски дела. „Избравме две централни теми за третиот Пиранова симпозиум. Сакавме подетално да запознаеме попривлечни, креативни и интересни изложби и во вториот сет предавања да се запознаеме со музејските активности со кои музеите ја развиваат својата публика“, изјави д-р Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, по успешниот онлајн симпозиум, кој привлече повеќе од 50 учесници од 12 различни земји.

Генералниот директор на Рускиот национален музеј на музиката Михаил Бризгалов ја претстави првата онлајн мултимедијална изложба Музика на хероите (http://музыкагероев.рф). Ирена Маручиќ од Техничкиот музеј на Словенија го претстави проектот Знаење без граници, Тихана Турковиќ, директорката на Куќата на бајките на Ивана од Хрватска ја претстави споменатата куќа и содржината со која ги привлекуваат посетителите. Галина Алексејева, раководителката на Одделот за академски истражувања во музејот Лев Толстој во Јасна Полјана, ги водеше учесниците низ личната библиотека на Толстој, Иглика Мишкова, зам. директорката на Бугарскиот институт за етнолошки и фолклорни студии при Националниот етнографски музеј зборуваше за новата изложба „Патеки до масата“. Директорката на српскиот музеј Кикинда, Лидија Милашиновиќ, покажа дел од нивните изложби, а истовремено објасни и колку се истите привлечни за посетителите. Првиот дел го заклучија предавачите од Факултетот за хуманистички науки од Универзитетот во Приморска и компаниите Археј, Нежа Чеброн Липовец, Катја Хробат Вирлогет и Ана Плестењак. Тие го претставија Центарот за посетители и митолошкиот парк Родик.

Во тематскиот дел за музејските активности со кои се развива публиката, Катарина Иванишин Кардум од Хрватскиот технички музеј Никола Тесла ја претстави програмата #7минутизамузејот; Аида Шарац од Уметничката галерија на Босна и Херцеговина зборуваше за едукативната методологија за работа со деца со аутистичен спектар; Саша Месец предаваше за новите насоки на Словенечкиот планински музеј како одговор на климатските промени, а Лана Беде од Градскиот музеј во Карловац раскажуваше за изложбата која ги фасцинира децата – Гледајќи со допир. Симпозиумот „Полифонија на музеите“ го заклучи Анастасија Калjута, истражувач од Рускиот етнографски музеј, која ја претстави богатата источнословенска музејска колекција.

Сè додека трае вонредната состојба, ФСК ќе продолжи да организира симпозиуми на ваков начин како дел од Центарот за истражување на културното наследство Пиранова, а кога ќе биде возможно се разбира и во живо.

Scroll to Top