ФСК во 2021-та година на нова адреса во Вила Златица

„Долгогодишната креативна соработка помеѓу Градската општина Љубљана и ФСК ја потврдуваат претходните стручни и јавни настани. Во 2019 година, Градската општина Љубљана одлучи дека, по целосното реновирање, ФСК и Музејот и галериите на градот Љубљана ќе бидат програмски поврзани на заедничка локација во Вила Златица“, изјави д-р Андреја Рихтер, директорката на ФСК за време на подготовката за преселбата на новата локација. Таа додаде дека многу е среќна за новите деловни простории, затоа што ФСК го поврзува словенскиот свет, и неслучајно истиот последен пат беше обележан со работата и делото на градоначалникот на Љубљана, Иван Хрибар. За време на неговиот мандат како градоначалник (1896 – 1910), Љубљана доживеа реконструкција по земјотресот, а словенските врски на Хрибар исто така оставија свој белег во културниот живот на Љубљана.

Во Вила Златица, Музејот и галериите на градот Љубљана (како управител) ќе организира музејска колекција посветена на културата на животот на буржоазијата во Љубљана и ќе постави сеопфатна изложба за поранешниот градоначалник на Љубљана, Иван Хрибар. Меѓу другото, ФСК ќе ја спроведе својата програма во библиотеката на Хрибар, опремена со оригинален мебел од тој период. Покрај својата програма, ФСК ќе обезбеди и пристап до музејските презентации.

Градската општина Љубљана целосно ќе ја обнови вилата со градина до крајот на 2020 година во согласност со упатствата на планот за конзервација подготвен во Студиото за конзервација и реставрација Шентјошт.

Scroll to Top