На покана на Форумот на словенските култури во соработка со Центарот на словенските култури Москва, Владо Жабот од Словенија, Венко Андоновски од Македонија и Александар Кабаков од Русија учествуваа во неколку настани на Меѓународниот саем на книгата во Москва каде што ги претставија своите литературни дела од збирката 100 словенски романи. На писателите им се придружија и преведувачките Олга Панкина и Жана Перковска, како и Матеја Јанчар, раководителката на проектот 100 словенски романи во ФСК. Учесниците во дискусијата и публиката се согласија дека ова е исклучително важен проект затоа што литературата на словенските земји се уште е послабо застапена на пазарите во другите словенски земји иако се работи за неверојатно квалитетна, важна и интересна литература. На специјална покана од страна на домаќинот, писателите од збирката 100 словенски романи во Русија продолжија со своето гостување на имотот на Толстој во Јасна Полјана, каде што за неговиот роденден на 9-ти септември, традиционално се одржува меѓународна средба на писатели. Оваа прилика за разговор ја искористија Венко Андоновски и познатиот руски писател Евгениј Водолазкин, романот на Водолазкин е исто така на руската листа на збирката 100 словенски романи. Венко Андоновски, чиј роман Азбука за непослушните беше објавен во словенечкиот превод на збирката, оваа година е меѓу номинираните за наградата за странска литература Јасна Полјана. Словенечкиот писател Владо Жабот пак, беше предавач на меѓународната конференција на Универзитетот Лев Толстој. Меѓу другото, го истакна значењето на словенското здружување, поврзување и запознавање, зборуваше и за словенската митологија и традиции, во жива дебата ја претстави и својата книга Волчи ноќи, кој што во рамките на збирката беше објавен во рускиот, српскиот и македонскиот превод.