На SeeYu конференцијата за спомениците од Втората светска војна

На меѓународната конференција SeeYu учествуваат експерти од музеите за Втората светска војна, спомен-паркови и други заинтересирани за поранешните музеи на револуцијата и споменските обележја. “Ова е прва ваква конференција, која има за цел да ни прикаже увид во активностите на историските музеи во поранешна Југославија и низ светот во 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години од минатиот век и нивната работа денес”, изјави д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури за целта на конференцијата, и додаде дека 25 експерти се согласија да се договорат за тоа како да соработуваат во иднина и на каков начин заедно би можеле да ја обележат 75-годишнината од крајот на Втората светска војна. Истите ќе започнат и со подготовка на историско-туристички водич за локалитетите на спомениците од Втората светска војна.
На конференцијата која што се одржува во Градскиот музеј во Љубљана (04.10), и во Куќата на Плечник (05.10), учествуваат 25 експерти од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Кина, Македонија, Република Чешка, Руската Федерација, Словенија, Србија, Украина, Хрватска, Црна Гора).

Scroll to Top