Проектот 100 словенски романи е еден од најстарите проекти на меѓународната фондација која поврзува 108 писатели од 9 словенски земји. Во збирката досега се објавени 75 романи. За време на средбата, писателите се согласија дека ова е уникатен проект кој заслужува уште поголемо внимание од јавноста, стручната јавност, како и од медиумите.
Драго Јанчар, еден од најпреведуваните и најнаградуваните словенечки писатели во мислата за збирката напишал: “Преводите од литературниот космос од некогашната т.н. железната завеса, сме ги добивале помалку или повеќе преку “други периметри” преку англиското, германското или француското ехо – сега пак во збирката 100 словенски романи доаѓаат меѓу нас – и речиси во сите словенски јазици – автори и романи, чиј избор зависи првенствено од нивниот квалитет и сензибилитетот на преведувачите и лекторите”. Како Јанчар, така и другите писатели веруваат дека збирката е од висока вредност.” … не е можно да се игнорира нејзиното значење како културно зближување меѓу народите и нивните држави, меѓу кои заради интензивна фасцинација над словенството и словенската “взаемност” во деветнаесеттиот век, во дваесеттиот век останале помалку или повеќе културни урнатини заради идеолошка и националистичка омраза, како и вистински урнатини по насилните воени конфликти”, пишува Драго Јанчар.