Рекорден број на учесници на 12-тото Меѓународно училиште за музеологија

“Откако минатата година беа во фокус сликите, оваа година во преден план се одлучивме да ги ставиме ЗБОРОВИТЕ. Во годината кога ја прославуваме Европската година на културното наследство, уште поактивно се нагласи важноста на јазикот како огромно богатство на нематеријалното културно наследство и зборовите, запишани во различни форми, како сведоци на материјалното културно наследство”, разјасни д-р. Андреја Рихтер – директорката на Форумот на словенските култури за изборот на темата на 12-тото Меѓународно летно училиште за музеологија во Пиран. ФСК е и организатор на летното училиште, заедно со Универзитетот на Приморска, Факултетот за хуманистички студии. “Во музеите, зборовите се присутни насекаде. Со нив ги поздравуваме посетителите кога ќе го преминат прагот на музејот … информираме при купувањето на билетите … водиме низ постојаните и привремените музејски изложби … раскажуваме индивидуални и колективни приказни … ја интерпретираме историјата … образуваме за време на професионални настани … создаваме нови проекти … промовираме во медиумите, на саеми, летоци, веб и социјалните мрежи. На кратко, музеите не се само ризници на предмети, туку и на зборови”, додаде Рихтер.
Со избраната тематика и угледните експерти, организаторите привлекоа рекорден број учесници, односно повеќе од 60 учесници од единаесет земји.

Scroll to Top