На фестивалот, поддржан од страна на ФСК, кој и овој пат беше посветен на српската и лужичката култура, меѓу 31 мај и 3 јуни беа одржани голем број културни претстави, а научен допир на фестивалот му даде лингвистичката конференција за меѓусловенскиот јазик, чија почесна покровителка беше д-р Андреја Рихтер, директорката на ФСК. За време на конференцијата, 25 референти од 12 земји дискутираа за словенската лингвистика и претставија серија проекти во областите кои се директно или индиректно поврзани со оваа тематика. Истата, во име на директорката на ФСК, беше отворена од страна на проектниот координатор, Матеја Јанчар. Меѓу другото, таа истакна дека ФСК со своите активности и проекти ја поддржува словенската културна и јазична разновидност, истовремено настојувајќи за разбирање и соработка меѓу Словените. Таа, исто така ги претстави проектите на ФСК во оваа област, особено за збирката на 100-те словенски романи, која важи за единствен меѓусловенски преведувачки потфат. Еден од главните настани беше отворањето на изложбата со факсимилот на Евангелието на Мирослав, еден од најзначајните споменици на српската и јужнословенската кирилична писменост, кое организаторите го подготвија во соработка со партнерите на ФСК од Србија – Матица српска и Националната библиотека на Србија. Во библиотеката, во февруари оваа година, ФСК го отвори својот Центар на словенската култура во Белград.