На официјалното отворање на 20-тиот фестивал Intermuseum, на кој беа претставени дури 400 музеи, повеќето од нив руски, покрај Олга Голодец – потпретседателката на руската влада, Владимир Медински – министерот за култура на Руската Федерација, Михаил Пјотровски – директорот на Ермитаж и претседател на Сојузот на руски музеи , исто така се обрати и д-р. Андреја Рихтер – директорката на Форумот на словенските култури. Меѓу другото, таа ја истакна важноста на ваквите настани за експертите од областа, како и за јавноста. Една од главните цели беше подигнување на свеста за културното наследство и неговата промоција. Според рускиот министер за култура Медински, амбициите на фестивалот Intermuseum е да стане водечки настан од ваков вид во светот.
ФСК на изложбениот простор Жива (напомена, наградата за најдобар словенски музеј) претстави вкупно 15 музеи од 6 словенските земји, меѓу кои и добитници на посебни признанија. Од Словенија, беа претставени: Музејот и галеријата на град Љубљана, Словенскиот етнографски музеј и најдобриот словенски музеј за 2017 година – Словенечкиот планински музеј.
Рихтер настапи како предавател и учесник во различни професионални настани, меѓу другото, на тркалезна маса за градските музеи заедно со Блаж Першин – директор на Музејот и галеријата на град Љубљана, како и со Јернеј Худолин – директор на Заводот за заштита на културното наследство на Словенија и на маг. Мартина Лесар Кикељ – претседателка на Друштвото на реставратори на Словенија на тркалезна маса за добрите пракси за соработка меѓу реставраторите и музејските професионалци.
Јубилејниот, 20-ти Intermuseum фестивал кој се одржа во Москва од 31 мај до 3 јуни беше посетен од страна на речиси 48.000 посетители.