Во Центарот на словенските култури Москва традициионално се организира Фестивалот на словенските култури по повод Денот на словенската писменост. Оваа година се одржа во хибридна форма, делумно во живо и делумно на далечина. Во рамките на фестивалот беше организирана и тркалезна маса посветена на новите руски изданија во збирката Сто словенски романи.
На Фестивалот на словенските култури на далечина присуствуваа словенечкиот писател Драго Јанчар и хрватскиот автор Роберт Перишиќ, кој зборуваше за својот роман Нашиот човек на теренот. Истиот, според него, опстојува толку долго бидејќи се занимава со човечка интимност, која ниту една друштвена ситуација не може целосно да ја уништи.
Драго Јанчар, кој се појави на фестивалот на далечина од библиотеката на Хрибар во Вила Златица, новиот дом на ФСК, ја претстави својата книга Потсмевлива страст, во која иронично ја разгледува средбата на средноевропската меланхолија со американската динамика. Во врска со проектот Сто словенски романи, тој изјави: „Литературниот проект Сто словенски романи не само што е исклучителна можност за информирање за литературните текови во одделните национални литератури, но има и свое културно значење. За жал, односите меѓу одделните словенски нации се оптоварени со историски недоразбирања и политички конфликти, дури и со војни. Но, ние секогаш читаме литература. Се читавме и се запознавме со човечките, историските, културните карактеристики на другите словенски народи. Нема подобар начин да се разбереме едни од други, од читањето книги. Јас самиот открив неколку одлични романи во оваа збирка што ги проширија моите литературни и разни други хоризонти. Предвидувам само светла иднина за проектот „Сто словенски романи“.
На учесниците со видео обраќање им се придружи и хрватскиот автор Ренато Баретиќ, кој ја претстави својата книга „Осмиот доверител“, која исто така беше објавена во збирката.
На фестивалот на словенските култури се придружија модераторките и уредниците на руските изданија од збирката „Сто словенски романи“, како и преведувачите Надежда Старикова, Лариса Савелјева и Сергеј Борисов, кои го заклучија настанот со читање извадоци од преведените романи.