Во проектот на Форумот на словенските култури Трансформација, се идентификуваа типичните елементи на културното наследство на словенските народи во уникатни колекции кои кокетираат со еспри и специфичниот сензибилитет на модните дизајнери на младите и средните генерации.
Во првата фаза на проектот учествуваа креатори од пет словенски земји: Николај Божилов од Бугарија, Галина и Николај Бирјуков од Руската Федерација, Андреа Појездалова од Словачка, Јелена Проковиќ од Словенија и Невена Ивановиќ од Србија. Резултатот од трансформацијата на богатото наследство на традиционалните елементи на културното потекло од кое доаѓаат креаторите со нивно вметнување во современиот културен и глобален моден контекст беа пет авторски збирки. Истите беа премиерно претставени за време на VIII. Меѓународен културен форум во Санкт Петербург.