Редовна седница на Програмскиот совет и Уредничкиот одбор на ФСК во Братислава

Главна точка на агендата на 16-тата редовна седница на Програмскиот совет на ФСК беше работната програма на ФСК за 2020 година, со фокус на словенскиот културен самит, што треба да се одржи за прв пат следната година, во Словенија. „Главна цел при организирањето на ваков вид состаноци е да се промовира уште подобро интеркултурно учење, поголемо признавање на културните изрази и идентитети на учесниците, поживописен меѓукултурен дијалог и промоција на градовите“, изјави д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури. Членовите на Програмскиот совет ја поддржаа иницијативата и се согласија со предложената работна програма. Истиот ќе биде и дополнително разработен, бидејќи членовите на Уредничкиот одбор на ФСК, кои се состанаа пред седницата на Програмскиот совет, предложија дополнителни идеи во однос на литературната и издавачката програма.
Членовите на Програмскиот совет на ФСК едногласно избраа и свој нов претседател, Дубравка Ѓуриќ Немец од Хрватска.

Scroll to Top