Онлајн обука за Културните рути на писателките

Целта на оваа онлајн обука беше да се објасни целиот процес на подготовка и барањата за добивање на сертификат за културна рута на Советот на Европа. Претставниците на Европскиот институт за културни рути при Советот на Европа, предводени од директорот Стефан Доминиони, детално ги презентираа сите чекори за новите Европски културни рути и временската рамка за следниот циклус 2020-2021. Во дводневниот семинар беа опфатени дискусии и размена на мислења и искуства. Во Форумот на словенските култури, се проценува дека обуката ќе биде корисна во натамошните чекори за подготовка на Културната рута на писателките. Во неа веќе се вклучија 6 земји. Програмскиот одбор на овој проект го води Анкица Пушкариќ, директорката на книжевниот музеј Куќата на бајките на Ивана во Огулин, Хрватска, а научниот одбор работи под раководство на др. Катја Михурко Пониж, професорка на Универзитетот во Нова Горица. Со новата културна рута заверена од Советот на Европа, Форумот на словенските култури (како носител) заедно со партнерите ќе ја доближи професионалната и пошироката јавност до извонредните книжевни и животни приказни на жените писателки кои ја означија книжевната историја, како и борбата за човекови и женски права на крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век.

Scroll to Top