Од царска круна до современи креации

Како дел од проектот Трансформации, словенските модни дизајнери беа инспирирани од разни приказни од културното наследство.

Брачниот пар Галина и Николај Бирјуков ја именуваа колекцијата по Сребрениот прстен на Русија, кој во рамките на меѓурегионалните иницијативи спојува бројни катедрали, цркви, манастири, палати, градини, тврдини и музеи и гравитира на северозапад, каде што покрај Балтичкото Море и реката Нева доминира величенствениот Санкт Петербург. Основниот декоративен елемент на Бирјуков е стилизираната царска круна. Палетата на бои од златна и небесно-сина до виолетова и маслиново-зелена нијанса асоцира на делата на некои сликари од рускиот симболизам.
Колекцијата Сребрен прстен е дестилат – на турбулентна историја, неверојатна архитектура, убавина на пејзаж, уметност и религија, носталгија и меланхолија.

Scroll to Top