Форумот на словенските култури (ФСК), кој ја објави монографијата „Со Словените на маса“на словенечки и на англиски јазик, е горд што книгата, објавена во 2016 година, беше вклучена во списокот на најдобрите книги во последните 25 години, како и што беше дел од специјалната изложба по повод 25-годишнината од престижната награда Gourmand. Ова е прва ваква меѓународна изложба на книги за храна и пијалоци. Изложбата беше отворена во присуство на Едуар Коинтро, претседател и основач на Gourmand World Cookbook Awards, во палатата Бјеркборн во музејот Алфред Нобел, од страна на шведската гувернерка и претседател на фондацијата Алфред Нобел Бјоркборн, Марија Ларсон.
Наградата им се доделува на најдобрите изданија на книги од областа на кулинариката од 1995 година, а избраните книги ќе бидат изложени во куќата на Алфред Нобел во Шведска до 9 ноември оваа година.