„Културните рути на европските писателки од почетокот на 20-тиот век“ на меѓународна конференција

Проектот „Културни рути на писателките“ е организиран во партнерска соработка со пет словенски земји: Словенија, Полска, Хрватска, Србија и Русија. Претставниците на овие држави присуствуваа и на меѓународната веб-конференција, на која др. Андреја Рихтер, директорката на ФСК, ја претстави работата на ФСК и Културните рути на писателките и го изрази својот ентузијазам за големиот интерес за новонастанатиот проект посветен на женските гласови во европската литература.
На дводневната веб-конференција, која се емитуваше и на државниот телевизиски канал Култура, ФСК го претстави проектот „Културни рути на писателките“ и процедурите потребни за добивање на сертификат од Советот на Европа. Во стручниот дел, референтите зборуваа за одделни аспекти од животот и делото на жените писателки кои се вклучени во создавањето на овие културни рути: Зофка Кведер, Лили Нови, Марина Цветајева, Ана Ахматова, Зинаида Гипиус, Марија Конопнички, Исадора Секулиќ, Марија Јуриќ Загорка и некои други кои сè уште не се вклучени во проектот.
Учесниците ги поздрави Олга Јарилова, заменик-министерката за култура на Русија, директорката на ФСК, др. Андреја Рихтер, заменик-директорот на библиотеката за странска литература Павел Кузмин и претседателката на научниот совет на Културните рути на писателките др. Катја Михурко Пониж. Предавањата можеа да се следат и во живо преку ФБ профилот на Московскиот центар на словенските култури.

Scroll to Top