Директорката на ФСК, Андреја Рихтер за време на самиот почеток на новата година, се состана со претседателката на Програмскиот одбор на овој проект, Анкица Пушкариќ, како и директорката на Куќата на бајките во Огулин, Хрватска – партнерска организација и една од станиците на новите културни рути. Тие разговараа за задачите на Програмскиот одбор, а особено за програмата на активности за 2020 година, кога проектот ќе се кандидира за сертификат на Советот на Европа, како и за идните планови. Тие, исто така, дискутираа и на темата промоција, како и креативни начини за приближување до Културните рути на писателките до пошироката публика, посветувајќи особено внимание на децата и младите.