Форумот на словенски култури се претставува со изложбата Трансформација

„Модата е комуникација меѓу генерациите, комуникација на едни со други и комуникација со минатото“, изјави д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури во својот говор по повод отворањето на изложбата Трансформација. Истоимениот проект, кој е дел од изложбата започна пред две години. Во првата фаза, беа избрани и вклучени во проектот модни дизајнери од пет словенски земји од страна на експертот Јожица Бродарич. Истите ги дизајнираа авторските колекции, и тоа: Николај Божилов од Бугарија, колекцијата Спирит, руската двојка Галина и Николај Бирјуков колекција Сребрен прстен, Невена Ивановиќ од Србија, колекцијата со наслов Лучанео, Андреа Појеждалова од Словачка ја создаде колекцијата Ретротопија, словенечката креаторка Јелена Проковиќ пак, колекцијата Егоманија. Покрај колекциите, изложбата се фокусира и на богатото и разновидно традиционално словенското наследство, кое беше извор на инспирација во скиците на модните дизајнери, а подоцна беше одсликано и во нивните модни креации.
Изложбата ја отвори маг. Матеја Демшич, раководител на Одделот за култура на градот Љубљана која истакна дека Форумот на словенските култури редовно соработува со Градската општина на Љубљана, ги збогатува нивните простории и ја истакнува Љубљана како место за меѓукултурен дијалог, место на различност и солидарност.
Изложбата Трансформација: ОД словенската традиционална носија ДО модерните креации ќе биде претставена во Историскиот атриум на Градската општина на Љубљана до 8-ми март 2020 година.

Scroll to Top