Зелено светло за новиот проект Словенски градини

Меѓународниот проект за зачувување и промоција на словенското културно наследство Словенски градини се заснова на оригиналната меѓузависност на природното и културното наследство. Како што е веќе познато, словенските културни и духовни традиции се тесно поврзани со природата и годишните времиња.
Проектот вклучува: уредување на средината (со типични словенски дрвја и растенија), скулптури поврзани со словенската митологија, познати и признаени скулптори од 13 словенски земји и програма на активности (кулинарски, раскажување приказни, музички настани, читања и сл.).
На иницијатива на писателот Владо Жабот и ФСК, на воведната средба се сретнаа партнерите во проектот: Алеш Пријон, Државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Разкрижје – Станко Иванушиќ, Вера Марко – градоначалник на општината Креншовци, Јанко Шпиндлер – заменик-градоначалник на општина Љутомер, градоначалникот на Белтин – Марко Вираг и Весна Фицко од општина Вержеј. Присутните ја изразија нивната подготвеност за партнерство и учество во проектот и дискутираа за следните неопходни чекори за успешно започнување на проектот и изведување на истиот. Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање изрази поддршка од Министерството за проектот, и го истакна и интересот за истиот. ФСК покани и група експерти, кои се подготвени активно да се вклучат во реализацијата на проектот Словенски градини.

Scroll to Top