Во седиштето на ФСК во рамките на огласот „Жива 2020“ беа пристигнати 22 апликации од 12 словенски земји за наградата за најдобар словенски музеј и наградата за најдобар природен и културен споменик во словенските земји. Апликациите веќе се разгледани, бидејќи се основа за започнувањето на работата на меѓународното жири – група од тринаесет експерти од словенските земји, заедно со претставници на Европската музејска академија од Холандија и Грција. Како и секоја година, жирито ќе ги посети сите номинирани музеи, што е ретка и уникатна практика за доделување на меѓународни музејски награди.
Во последните седум години, за наградата Жива се натпреваруваа 139 музеи од 13 словенски земји.
Пријавените музеи за Наградата Жива 2020 се:
– Музејот Страна Мини, Белорусија
– Националниот историски музеј на Република Белорусија, Белорусија
– Музејот на резби, Босна и Херцеговина
– Регионалниот етнографски музеј на отворено Етар, Бугарија
– Центарот за посетители, куќа на бајките на Ивана, Хрватска
– Музејот на регионот Валпово, Хрватска
– Градскиот музеј Карловац, Хрватска
– Националната коњушница Кладруби над Лаб, Чешка Република
– Националниот музеј на Црна Гора, Црна Гора
– НУ Институтот и Музеј Битола, Северна Македонија
– Музејот на рударството во Забрзе, Полска
– Музејот и изложбен центар И. Солдатенков, Руска Федерација
– Центарот за словенското писмо Слово (Збор), Руска Федерација
– Музејот на уметноста во Јарослав, Руска Федерација
– Спомен-музејот А.В. Журавски во Уст Килма, Руска Федерација
– Музејот на наивна и маргинална уметност, Србија
– Националниот музеј во Белград, Србија
– Музеј на христијанството во Словенија, Словенија
– Галеријата Божидар Јакац, Словенија
– Музејот на мотоцикли Гром, Словенија
– Музејот за архитектура и дизајн, Словенија
– Националниот литературен спомен-музеј на Иван Франко во Лавов, Украина.