Жива

Вашето наследство е наше наследство

Во рамките на VIII. Меѓународен културен форум во Санкт Петербург, ФСК ја додели наградната скулптура Жива на најдобриот словенски музеј за 2019 година и најдобриот природен и културен споменик во словенскиот свет. На посебна тркалезна маса пак, претставници на руските и словенските музеи дискутираа за важноста на словенското наследство во глобален контекст.

Судиите за наградата Жива на работен состанок

Откако судиите за наградата Жива од февруари до април ги посетија сите 25 пријавени музеи за наградата Жива 2019, истите се сретнаа на работен состанок каде што ги претставија своите извештаи од посетите. Добитниците на наградите ќе бидат објавени во октомври 2019 година во Бар во Црна Гора.

Повторно многу пријави за наградата Жива

По завршувањето на конкурсот за наградата Жива 2019 за најдобар словенски музеј и најдобар споменик за природно и културно наследство во декември 2018 година, на седиштето на ФСК започнаа да се разгледуваат пријавите. Оваа година беа повторно добиени повеќе пријави од претходните години, дури 26, од кои за прв пат се пријавени и музеи од …

Повторно многу пријави за наградата Жива Read More »

ФСК на работна посета во Музејот на емиграции во Гдиња

Форумот на словенските култури на покана на Музејот на емиграции во Гдиња во Полска го посети музејот кој може да се пофали со титулата најдобар словенски музеј во 2018 година. Целта на посетата беше дебата околу заедничките активности во 2019 година, со фокус на промоција на наградата Жива, како и одбележувањето на 15-годишнината на ФСК. …

ФСК на работна посета во Музејот на емиграции во Гдиња Read More »

Конкурсот за наградата Жива 2019 е отворен!

Ве покануваме да се пријавите на конкурсот Жива 2019 – награда за најдобар словенски музеј и најдобар словенски споменик на природата и културата. Пријавата на конкурсот е бесплатна. Конкурсот ќе биде отворен до 15 декември 2018 година. Регистрацијата се врши на веб-страната преку формулар кој треба да се дополни со документи, фотографии и видео снимка.

Главните Жива награди се доделуваат на полскиот Музеј на емиграции и рускиот музеј Кижи

Форумот на словенските култури, во соработка со Националниот технички музеј во Прага и под покровителство на чешкото Министерство за култура во Прага, ги поделија наградите за најдобри словенски музеи. Покрај главната награда која ја освои Музејот на емиграции од Полска, за прв пат после пет години, беше доделена и награда за најдобар словенски културен и природен споменик. Втората ја освои рускиот музеј Кижи.

Судиите за наградата Жива 2018 ги посетија сите 25 музеи

Тринаесет судии за наградата Жива од февруари до крајот на април ги посетија сите дваесет и пет пријавени музеи за наградата Жива 2018 во дванаесет словенски земји. Ова е ретка и уникатна пракса која ги збогатува и музеите и судиите. Непроценливоста на личното искуство претставува дополнителен аспект на професионалната евалуација, при што судиите се фокусираат …

Судиите за наградата Жива 2018 ги посетија сите 25 музеи Read More »

Scroll to Top