Со номинацијата за најдобар словенски музеј, Посавскиот музеј Брежице им се придружи на скоро 120 музеи од 13 словенски земји кои се пријавени за наградата Жива во последните шест години. Д-р Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, кој ја доделува наградата, заедно со членката на жирито Нина Здравиќ Полиќ, на Аленка Чернелиќ Крошељ, директорката на Посавскиот музеј Брежице, и ја доделија номинацијата за наградата Жива за најдобар словенски музеј за 2019 година. „Со задоволство и одговорност го прифативме предизвикот и се пријавивме за наградата Жива. Свесни сме дека ова претставува повеќе од само награда. Меѓу другото, пријавата потпомогна во создавање на нов промотивен филм за музејот. Истиот е обновен со цел за подобра промоција на нашата институција“, изјави во оваа пригода Чернелиќ Крошељ.
На есенскиот собир во Посавскиот музеј Брежице, беше претставен гореспоменатиот промотивен филм, како и предавањето со наслов Музеите како културни центри – иднината на традицијата: во Посавје, Словенија и во светот. Предаватели беа д-р. Александра Берберих Слана, претседателка на Унијата на музеи на Словенија и Аленка Чернелиќ Крошељ, директорка на музејот, потпретседател на ICOM Словенија и претседателка на Регионалната алијанса на ICOM SEE за периодот 2019 – 2022 година.