Тринаесет судии за наградата Жива од февруари до крајот на април ги посетија сите дваесет и пет пријавени музеи за наградата Жива 2018 во дванаесет словенски земји. Ова е ретка и уникатна пракса која ги збогатува и музеите и судиите. Непроценливоста на личното искуство претставува дополнителен аспект на професионалната евалуација, при што судиите се фокусираат исклучително на креативната употреба на колекциите во комбинација со иновативниот пристап на интерпретација.
Судиите напишаа и извештаи за нивните посети, кои ќе се разгледуваат на годишниот состанок на судиите. Оваа година, во соработка со Министерството за култура на Црна Гора и претпријатието Будванска ривиера, состанокот ќе се одржи во Црна Гора. На средбата, судиите ќе ги изберат најдобрите музеи во различни категории, и се разбира, апсолутно најдобриот музеј, за прв пат, ќе добие и парична награда од 3.000 евра. Доделувањето со дополнителна програма ќе се одржи од 12-ти до 16-ти септември во Националниот технички музеј во Прага (Чешка).