Збирката Сто словенски романи се приближува до својата 100-ка – стотиот објавен превод во седум земји. Штотуку излезе од печат словенечкиот превод на романот Sиркачоѕ од македонскиот писател Александар Прокопиев, преведен од страна на Роберт Суша, и претставува 96-ти наслов во збирката.
„Во романот Sиркачот, приказните на книжевните личности, скицирани претежно во груби потези со неколку истакнати детали, стануваат комплицирани и испреплетени. Еден од нив е авторот, кој измислува приказна за еден самец средовечен маж кој од досада и незадоволство од сопствениот живот, невротично талка низ градот (Скопје) и скриен во неговата гнила транзициска утроба, меланхолично ги оживува спомените од детството и младоста и лакомо голта ретки возбудливи сцени кои му ја ублажуваат болката и разочарувањето. Тој бега од бездната на очајот градејќи го својот минимундус на имагинарна слобода и мали задоволства, главно еротски“, напиша авторката на предговорот, Намита Субиото.
Александар Прокопиев е еден од најинтересните современи македонски прозаисти, а со литература се занимава и како научник и предавач. Кога во 1980-тите стапил на книжевната сцена, ја изразил својата поетика, која ја следи и денес: „Книжевноста мора да се храни со фотографија, филм, стрип, рок музика, телевизија“. „Sиркачот“ е негов прв и досега единствен роман. Причина повеќе да посегнете по него.