Др. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, во Вила Златица се сретна со Маја Гојковиќ, претседателката на Управниот одбор на ФСК, вицепремиер на Република Србија и министерка за култура и информирање. Разговараа за стратешките ориентации на меѓународната фондација и за настаните што ќе се организираат во Србија во наредните месеци во рамките на проектите на ФСК.
Андреја Рихтер и Маја Гојковиќ на работната посета во седиштето на меѓународната фондација ФСК Вила Златица во Љубљана разговараа за приоритетите на стратешкиот план за периодот 2022-2027 година. Истиот план кој е во фаза на развој, меѓу другото, треба да опфати и продолжување на соработката со УНЕСКО и воспоставување континуирани презентации на словенските култури во Советот на Европа. „Промоцијата на словенското наследство и интеграцијата на земјите каде што се зборуваат словенски јазици ќе биде уште поинтензивна во иднина. На овој начин Словените ќе бидат посилно поврзани, а воедно и попрепознатливи и видливи на глобално ниво“, истакна др. Андреја Рихтер, директорката на ФСК.
Маја Гојковиќ, претседателката на Управниот одбор на ФСК, вицепремиер на Република Србија и министер за култура и информирање изјави дека оваа година ќе се одбележи и 15-годишнината од збирката „Сто словенски романи“ во Србија, а во јануари следната година ќе бидат подготвени два големи настани. Конференцијата и доделувањето на наградата Жива ќе се одржи во Белград и Нови Сад од 11 до 13 јануари 2022 година, а на денот на отворањето на Европската престолнина на културата, членовите и министрите за култура на земјите членки на ФСК, ќе се состанат на 18-та редовна седница во Нови Сад.
Фото: Борис Претнар