Работна посета со претседателката на Управниот одбор на ФСК, Маја Гојковиќ

Др. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, во Вила Златица се сретна со Маја Гојковиќ, претседателката на Управниот одбор на ФСК, вицепремиер на Република Србија и министерка за култура и информирање. Разговараа за стратешките ориентации на меѓународната фондација и за настаните што ќе се организираат во Србија во наредните месеци во рамките на проектите на ФСК.

Андреја Рихтер и Маја Гојковиќ на работната посета во седиштето на меѓународната фондација ФСК Вила Златица во Љубљана разговараа за приоритетите на стратешкиот план за периодот 2022-2027 година. Истиот план кој е во фаза на развој, меѓу другото, треба да опфати и продолжување на соработката со УНЕСКО и воспоставување континуирани презентации на словенските култури во Советот на Европа.  „Промоцијата на словенското наследство и интеграцијата на земјите каде што се зборуваат словенски јазици ќе биде уште поинтензивна во иднина. На овој начин Словените ќе бидат посилно поврзани, а воедно и попрепознатливи и видливи на глобално ниво“, истакна др. Андреја Рихтер, директорката на ФСК.

Маја Гојковиќ, претседателката на Управниот одбор на ФСК, вицепремиер на Република Србија и министер за култура и информирање изјави дека оваа година ќе се одбележи и 15-годишнината од збирката „Сто словенски романи“ во Србија, а во јануари следната година ќе бидат подготвени два големи настани. Конференцијата и доделувањето на наградата Жива ќе се одржи во Белград и Нови Сад од 11 до 13 јануари 2022 година, а на денот на отворањето на Европската престолнина на културата, членовите и министрите за култура на земјите членки на ФСК, ќе се состанат на 18-та редовна седница во Нови Сад.

Фото: Борис Претнар

Scroll to Top