Космополитските интелектуалки фокус на новите културни рути

Меѓународната конференција Нови културни рути: писателките од почетокот на 20-ти век, е дел од проектот Нови европски културни рути на Советот на Европа, кој настанал како резултат на иницијативата и раководството на Форумот на словенски култури. “Целта на проектот е да се воспостави културна рута која ќе ги поврзе животот и работата на европските писателки и на публиката ќе и претстави динамични и инспиративни активности кои истовремено го продлабочуваат професионалното, културно и туристичко истражување на литературата на жените-писателки, како и локациите и животните приказни кои во голема мера придонесле за обликувањето на европските вредности и денешните општества”, истакна д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури.
На конференцијата учествуваа 9 научници и експерти од 7 земји. Тие беа поздравени од страна на словенечкиот академик проф. др. Аленка Шелих, која е исто така иницијатор на книгата Заборавената половина, посветена на важните, но често заборавени Словенки. Учесниците на научната конференција заклучија дека писателките од почетокот на 20-тиот век имале многу заеднички карактеристики иако не се познавале меѓусебно. Тие не биле само добри писателки. Тие биле космополитски интелектуалки, кои најчесто зборувале по неколку странски јазици, често патувале, па дури и се селеле, живееле доста неконвенционален живот во однос на стандардите на тоа време и ги поместувале границите на тогашните општествените конвенции. Меѓу космополитските интелектуалки била и Зофка Кведер.” Таа била предок на современите жени. Нејзиниот хоризонт бил хоризонтот на успешните феминистки кој сакале да имаат сè: семејство, успешна кариера…”, изјави проф. др. Катја Михурко Пониж.
Меѓународната конференција се одржа за време на првата средба на членовите на Научниот совет за новите културни рути, кои се претставници на седумте словенските земји вклучени во проектот.

Scroll to Top