Онлајн состанок на судиите за наградата Жива 2020

Поради појавата на коронавирусот и ширењето на пандемијата низ целиот свет, судиите се прилагодија на ситуацијата и за наградата „Жива 2020“ – награда за најдобар словенски музеј и најдобар културен и природен споменик во словенските земји. “Во светлината на новата состојба, го променивме годишниот циклус, кој трае седма година по ред. Судиите ќе ги посетат сите пријавени музеи со кои се сега во редовен контакт кога тоа ќе биде возможно. На редовната годишна средба, наместо во живо, тие се сретнаа преку видео конференција”, изјави др. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури, под чие покровителство се одвива изборот на најдобрите словенски музеи. Судиите кои доаѓаат од 13 различни словенски земји и Европската музејска академија, исто така, одлучија дека церемонијата за доделување на наградите, закажана за октомври годинава, ќе биде одложена заради објективни причини до есента 2021 година. Продолжувањето на нивната работа во новата ситуација ќе биде дискутирано повторно на видео-конференцијата во јуни, доколку пак ситуацијата дозволува, ќе се сретнат и во живо во септември во Белград (Србија).

Scroll to Top