Музејскиот фестивал Intermuseum е најголемиот музејски настан во Руската Федерација, организиран од страна на Министерството за култура на Руската Федерација. Тема на 21-виот фестивал беше „Дијалогот меѓу експертите“, а ФСК вторпат по ред се претстави како партнер со изложбениот простор и програмата наменета за експерти. „Важно е во светот кој се менува и влијае врз улогата на музеите, да дискутираме за промени во политиката на делување со човечките ресурси во музеите. На овој начин може најсоодветно да се одзовеме на секојдневните ситуации и прилагодиме на времето и просторот“, истакна д-р. Андреја Рихтер, директорката на Форумот на словенските култури. Таа исто така го претстави Меѓународниот центар за истражување наследство Пиранова и учествуваше во неколку дебати со други меѓународни експерти. Меѓу нив беше и Масимо Негри, научен директор на Европската музејска академија (ЕМА). Тој, заедно со Рихтер, дискутираше и за дијалогот и поврзувањето меѓу експертите и институциите, како што се ФСК и ЕМА.
Оваа година на фестивалот Intermuseum беа претставени повеќе од 400 музеи, а во професионалниот дел од програмата учествуваа повеќе од 3.000 експерти. Во централната изложбена сала Манеж во непосредна близина на Црвениот плоштад, музејската изложба ја посетија голем број туристи.