ФСК како специјален гостин на Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург

“Целта на специфичната програма е да се понуди најширока и најживописна презентација на ФСК преку дискусии и културна програма, како и преку склучување на договор за голем број на настани во рамките на јубилејот на фондацијата”, се вели во потпишаната заедничка изјава. “Ова е исклучителна чест за ФСК, затоа што за прв пат програмата ќе се фокусира на самата фондација. Досега, фокусот бил само на индивидуалните земји”, изјави д-р. Андреја Рихтер, директорката на меѓународната фондација Форум на словенските култури, со седиште во Љубљана. Ала Манилова, заменик-министер за култура на Руската Федерација, наведе: “Минатата година подадов иницијатива за доделување специјален статус на ФСК на Меѓународниот културен форум во Санкт Петербург. Задоволна сум што Андреја Рихтер го прифати предизвикот и со голем ентузијазам се посвети на клучните задачи за истиот. Многу земји се стремат кон добивање ваков статус. Ние сме убедени дека ова е заради големата вредност на самиот статус”.

Scroll to Top