Тие го анализираа проектот 100 словенски романи, се запознаа со тековната состојба и актуелните податоци за збирката, а потоа дискутираа за промоцијата, издавачката програма како и програмата на активности во наредните две години. По повеќе од една деценија издавање книги, тие исто така детално ги истражуваа можностите за надополнување и надградба на оригиналниот концепт на проектот.