Трансформации: од словенската традиционална носија до модерни креации

Помеѓу 6-ти и 26-ти септември 2023 година, во Музејот на применетата уметност во Белград се одржа изложбата Трансформации: од словенската традиционална носиja до модерни креации, која беше создадена во соработка со Форумот на словенските култури, Музејот на применетата уметност (Белград) и Министерството за култура на Република Србија. Кустот на изложбата беше Станислава Вауда Бенчевиќ.

Мисијата на Форумот на словенските култури е да ги прилагоди контактите и да ги вплете врските меѓу граѓаните од тринаесетте словенски земји. Така, културните врски меѓу словенските народи внимателно се обновуваат, прошируваат и зајакнуваат. Поврзаноста и соработката најдобро ја стимулираат креативноста, ја збогатуваат различноста на словенските идентитети и го зајакнуваат културниот дијалог во европскиот и глобалниот простор. Форумот традиционално е место за размена на вредни знаења и искуства, а како промотор на нови идеи е и платформа за нови можности. Бидејќи веќе цело време крои и ткае, прашање на време беше кога и тој ќе тргне по патеките на модата. Модата отсекогаш била дел од цивилизациите и културите, по нејзините карактеристики често се сеќаваме на карактеристиките на историските периоди.

Трансформациите имаат за цел да разбудат интерес за словенското културно наследство на модерен начин: при што се евоцираат мотиви од минатото преку модерни шевови, а богатството на традицијата поттикнува аскетски рез. Креациите се секогаш двонасочно огледало: низ нив гледаме на поранешните времиња, но во нив се рефлектира нашето време.

Проектот Трансформации на авторката Андреја Рихтер започна во 2019-тата година со изложбата на кустосот Јожица Бродариќ, која се одржа во Градската општина во Љубљана. На неа се претставија Николај Божилов (Бугарија) со колекцијата Spirit, Андреа Појездалова (Словачка) со колекцијата Retrotopia, Јелена Проковиќ (Словенија) со колекцијата Eggomania, Галина и Николај Бирјуков (Русија) со колекцијата Сребрен прстен и Невена Ивановиќ (Србија) со колекцијата Luchaneo.

На понатамошното патување на изложбата во Белград учествуваа и Дениса Довалова (Чешка) со колекцијата Словенска божица, Ивана Муришиќ (Црна Гора) со колекцијата Слобода, Јелена Холец (Хрватска) со колекцијата Орнаментација, Кинга Крол (Полска) со колекцијата Dziwozona и Драган Христов (Северна Македонија) со колекцијата Шума. Беа изложени вкупно 50 различни оригинални уметнички дела. Во придружната програма на изложбата беше вклучен и уметнички круг организиран од Музејот на применета уметност во соработка со Белградската модна недела со цел вмрежување и размена на искуства.

Проектот Трансформации има три цели. Да ги инспирира модните дизајнери дека вреди да се истражат домашните кутии, семејни албуми или музејски збирки. Да ги поттикне домашните познавачи дека ѕвездите на иднината се меѓу нас, понекогаш со само смело скроен ракав. И, исто така, да се убеди професионалната европска јавност дека идеите за кроење, квалитетите на шевовите и потенцијалите за сечење се подеднакво распоредени низ целиот континент – и дека вреди да се погледне кон исток и југ!

Scroll to Top