ФСК на вториот Фестивал на словачкото наивно сликарство во Србија

Форумот на словенските култури се претстави на вториот фестивал на словачкото наивно сликарство во Србија и се вклучи во активностите за промоција и проучување на оваа ликовна уметност, која е вклучена во списокот на нематеријално културно наследство во Србија и се натпреварува за вклучување во листата на УНЕСКО.

Фестивалот кој се одржа под покровителство на потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчовиќ, потпретседателката на Владата на Србија и министерка за култура Маја Гојковиќ и директорката на ФСК др. Андреја Рихтер започнал во Ковачица во Војводина, која се смета за центар на наивното сликарство на словачкото малцинство во Србија, а потоа се преселил во Институтот за проучување на културниот развој во Белград.

Фестивалот беше придружен со изложбата „Реформатори на словенската писменост и словенските јазици“ на сликарката Виерослава Светлик, беше свечено отворен од страна на организаторот и управителот на галеријата Бабка, Павел Бабка, Маја Гојковиќ, др. Андреја Рихтер, раководителот на претставништвото на ЕУ во Србија Емануеле Гиуфрет и словачкиот амбасадор во Србија Федор Росоха.

Во рамките на програмата, др. Рихтер ги претстави активностите на Форумот на словенските култури и ја изрази својата подготвеност ФСК активно да се вклучи во проучувањето на наивното сликарство во словенските земји и да го поддржи составувањето на регистар на наивни сликари и институции кои се занимаваат со оваа гранка на ликовната уметност.

Scroll to Top