Домаќини на 7-та церемонија за доделување на наградата Жива ќе бидат Белград и Нови Сад

Врз основа на потпишаниот договор со Министерството за култура и информации на Република Србија, 7-та меѓународната конференција за доделување на наградата Жива ќе се одржи во Белград и Нови Сад, за време на официјалното отворање на европската престолнина на културата.

„Задоволна сум и горда што можам да најавам дека седмата конференција и доделување на наградата Жива ќе се одржат од 12 до 15 јануари 2022 година во Белград и Нови Сад во Србија. Ова е уште една можност заедно со другите словенски земји, членови на Форумот на словенските култури, да го прославиме богатството и близината на словенските јазици, традициите, културното наследство, како и модерните музеолошки практики. Истовремено, испраќаме порака за силна посветеност кон понатамошниот развој на културната соработка меѓу словенските земји“, изјави Маја Гојковиќ, вицепремиер и министер за култура и информации на Република Србија, исто така претседателка на управниот одбор на ФСК.

Наградата Жива, која ја доделува Форумот на словенски култури останува динамична и го продолжува својот планиран пат. Во исто време, е и уште поинтензивно вклучена во други сродни текови на интеграција, со што се зајакнува промоцијата на заштита, зачувување, едукација и информации за музејските збирки и природните и културните споменици на меѓународната арена.

Симболично, 4-дневната програма Жива 2020 ќе се одвива паралелно со официјалното отворање на европската престолнина на културата во Нови Сад (главната церемонија ќе биде на 13 јануари 2022 година), чиј слоган е „За нови мостови“ со желба да се изградат нови мостови на соработка и размена помеѓу уметниците од Нови Сад и Србија со европската културна сцена.

Програмата на 4-дневната конференција со доделувањето на Жива 2020 наградите, Форумот на словенските култури ја подготвува во соработка со своите партнери: Министерството за култура и информации на Република Србија, Нови Сад – Европската престолнина на културата, Музејот на Југославија и галеријата Матица Српска. Вториот е добитник на првата награда Жива за најдобар словенски музеј, доделена во 2014 година.

Scroll to Top