Членовите на Здружението Културни рути писателките од седум земји се состанаа на едно место. Тие ги потврдија деловните органи на здружението, се запознаа со досегашната работа и темелните документи и ја усвоија програмата за работа во наредниот тригодишен период. Првата задача е да се подготви и достави пријава за придобивање сертификат од Советот на Европа за Културна рута.
Скоро дваесет членови, претставници на културни и научни институции и локални заедници од седум земји се состанаа на средбата на Здружението Културни рути на писателките. Тие ги потврдија членовите на советодавните тела на здружението, научниот и програмскиот совет. Претседател на првиот е др. Катја Михурко Пониж, професорка на Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот во Нова Горица, а програмскиот совет е предводен од Тихана Турковиќ, директорка на Куќата на бајките на Ивана од Огулин во Хрватска. Учесниците го потврдија новиот претседател на здружението, д-р. Андреја Рихтер, додека пак Далибор Димитровиќ, градоначалникот на Огулин, Хрватска, беше избран за почесен претседател, кој го поддржуваше и учествуваше во проектот „Културни рути на писателките“ од самиот почеток. Покрај претседателот, во одборот има и претставник на градска општина на Љубљана, Саша Огризек, а наскоро ќе им се придружат и претставници од Србија и Русија.
Членовите на Здружението Културни рути на писателките – WWR исто така се запознаа и со досегашната работа и темелните документи, а исто така ја усвоија и тригодишната програма за работа. Истата вклучува активности за пошироката јавност, повремени настани, туристички водичи и посети, како и научни состаноци. Посебен фокус ќе бидат младите – децата, средношколците и студентите. Учесниците се согласија и за првата задача што моментално ја чека здружението, т.е. за проект кој постои веќе три години, ова лето ќе се поднесе пријава за сертификат за Културни рути од Советот на Европа при Европскиот институт за културни рути.