Новости

Архива

Состанок на далечина со претседателката на Управниот одбор на ФСК Маја Гојковиќ

Откако Маја Гојковиќ, заменик-премиер министерката на Република Србија и српска министерка за култура и информации, стана претседател на Управниот одбор на ФСК во декември 2020 година, др. Андреја Рихтер, директорката на ФСК, одржа со неа состанок на далечина. Тема на разговор беа активностите за 2021 година и визијата и програмата на ФСК за периодот 2021

Проекти »

Декември – месец на подароци

Во декември, како дел од кампањата „ФСК подарува“, ФСК ги развесели библиотеките, како и своите партнери и пријатели во 6 словенски земји со донации на книги од збирката 100 словенски романи.

Проекти »

Проектната група за културно наследство на ФСК веќе активно започна со интензивна работа

Проектната група за културно наследство, како едно од телата на ФСК, ја започна својата интензивна работа. Меѓу другото, се запозна со Нацрт-стратешки план културно наследство 2021-2026 година.

Проекти »

За полифонијата на музеите на Пиранова симпозиумот

Како дел од планираните активности прилагодени на ситуацијата, ФСК го подготви третиот симпозиум во рамките на Центарот за истражување на културното наследство Пиранова. Повеќе од 50 учесници од 12 различни земји учествуваа во симпозиумот под наслов Полифонија на музеи.

Проекти »

ФСК во 2021-та година на нова адреса во Вила Златица

Со целосното реновирање на вилата на Хрибар (Вила Златица), ФСК ќе добие и нови деловни простории. За време на спроведувањето на својата програма, исто така ќе биде обезбеден пристап до музејската презентација на поранешниот градоначалник на Љубљана и неговиот живот.

Проекти »

Бугарскиот творец Божилов меѓу победниците на BigSEE

Бугаринот Николај Божилов, кој за проектот на Форумот на словенските култури Трансформација ја дизајнираше колекцијата Spirit, е меѓу добитниците на годинешната BigSEE награда од областа на модниот дизајн. Тој ја доби Националната награда за истражување на бугарската традиција и нејзино поставување во современ дизајн.

Проекти »

Со Словените на маса дел од изложба во куќата на Алфред Нобел

По добивањето на престижната награда Gourmand во 2017 година, книгата Со Словените на маса – прва светска монографија за словенската кулинарика, беше вклучена во изложба во куќата на Алфред Нобел како дел од доделувањето на Gourmand World Cookbook Awards, по повод 25-годишнината од постоењето на натпреварот.

Проекти »

Меѓународен симпозиум Пиранова #2 за „Звуците“ на музеите

Во рамките на Центарот за истражување на меѓународното наследство Пиранова, ФСК подготви и втор симпозиум. Поради ограничувањата на патувањето во регионот, истиот се одржа онлајн, но сепак привлече повеќе од 40 учесници од 10 различни земји.

Проекти »

„Културните рути на европските писателки од почетокот на 20-тиот век“ на меѓународна конференција

Меѓународната конференција посветена на опфаќањето на различните аспекти на културните рути на писателките, организирана од Форумот на словенските култури (ФСК) заедно со партнерите, беше организирана од московската библиотека за странска литература М. И. Рудомино, Институтот за преведување и Словенскиот институт при Руската академија на науките.

Проекти »
Scroll to Top