Книгата „Со Словените на трпеза“ ја доби и наградата Best of the Best на Gourmand

Gourmand, кој секоја година доделува меѓународни награди за најдобри книги од областа на храната и пијалоците, ги додели признанијата Best of the Best на 25-годишнината од своето постоење. Во Париз, признанието го доби и книгата „Со Словените на трпеза“ на Јанез Богатај. Книгата е објавена на словенечки и англиски јазик од страна на Форумот на словенските култури.

По добивањето на престижната награда Gourmand  за најдобра книга во Источна Европа во 2016 година со книгата „Со Словените на трпеза“, истата беше избрана и меѓу најдобрите книги во 25-годишната историја на меѓународната и единствена таква награда. Јубилејното признание „Gourmand – Best of the Best in 25 years“ беше доделено во Париз од страна на Едуар Коинтро, основач на наградата Gourmand која се доделува од 1995 година, на Андреја Рихтер, директорката на ФСК и авторот Јанез Богатај. Др. Андреја Рихтер во оваа прилика изјави дека е исклучително задоволна што книгата „Со Словените на трпеза“ се уште се истакнува. Не само по изглед туку и по содржина. Сè уште е единствената светска монографија за словенските кујни. Во исто време, и не е само книга. Прерасна и во проект кој вклучува и изложба, настани со дегустација на јадења подготвени по рецепти од книгата и соработка со многу засегнати страни, како што се училишта, факултети, дипломатски кор, организатори на саемите на книгата…

„Во 25 години изградивме големо Gourmand семејство. Собравме автори, издавачи, фотографи и многу други лица од областа на храната и пијалоците. Она што е важно е нашиот меѓународен досег, нашите годишни состаноци и душата на книгите на наградата Gourmand, наведе нејзиниот основач, Едуард Коинтро, во своето воведно обраќање на 25-годишнината од наградата Gourmand. Др. Јанез Богатај доби уште една награда „Best of the Best“, за книгата „Крањска кобасица“.

Scroll to Top