Пред нас е доделувањето на наградата ЖИВА за 2020 година

Домаќин на доделувањето на наградата Жива за 2020 година и на придружната конференција ќе биде Белград во јануари 2022 година. Победниците и другите учесници ќе го видат и официјалното отворање на Европската престолнина на културата 2022 година во Нови Сад како дел од целодневната екскурзија.

Домаќинот, Министерството за култура и информирање на Република Србија, заедно со своите партнери, Музејот на Југославија, Галеријата Матица Српска, Музејот на современата уметност Белград, Националниот музеј, Југословенскиот филмски архив и Нови Сад 2022 година – Европската престолнина на културата, подготвиja богата 4-дневна програма.

Доделувањето на наградата Жива за најдобар музеј и споменик на природата и културата во словенските земји и доделувањето на специјалните признанија ќе се одржи на 12 јануари 2022 година во Југословенскиот филмски архив. Пред тоа, како дел од програмата на конференцијата ќе бидат претставени сите номинирани музеи, Европската престолнина на културата за 2022 година и српската престолнина на културата 2023 година, со специјалните гости Брајс Вајнерт од Музејот Хак во Њујорк (САД) и Кејт Бејли од музејот Викторија и Алберт во Велика Британија. Програмата ќе вклучува и традиционален музејски пазар збогатен со презентација на музеите од Србија.

4-дневниот настан, кој ќе започне на 10 јануари 2022 година, ќе заврши со целодневна екскурзија до Нови Сад. По посетата на Музејот на Војводина и галеријата Матица Српска, ќе следи посета на културните станици – нови места за културни настани во градот, а на крајот од денот ќе биде официјалното отворање на Нови Сад како европска престолнина на културата за 2022 година. ФСК подготви специјални поволности за своите учесници и награди за своите членови и рани пријави.

Scroll to Top