Управниот одбор на Форумот на словенските култури го водеше претседателот, Владан Вукосављевиќ, министер за култура и информации на Република Србија. Во своето воведно обраќање тој изјави: “Во време на глобализација и силно влијание на Западот, стануваат се поважни организациите како ФСК. Европа и светот треба да ја препознаат нашата единственост во нашата разновидност. Културата е нашата најмоќна алатка, и само со заеднички сили можеме да го покажеме словенското наследство на светот и она што го создаваме од истото”.
Во годината кога ФСК го прославува својот 15-годишен јубилеј, добивме честитка јубилејот и од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Во своето специјално писмо, тој напиша: “Во деценија и половина од основањето, ФСК целосно го оправда своето постоење. Обезбедува добри можности за контакти во пошироката јавност во словенските земји и игра важна улога во зачувувањето на единственото културно и духовно наследство на словенскиот свет”.
На крајот на свечената седница, претставниците на земјите-членки на ФСК, исто така, го потпишаа и меморандумот за зајакнување на меѓукултурниот дијалог и соработка меѓу сите словенски земји. Тие се свесни дека соработката придонесува до подобро разбирање на културата и историјата на словенските култури, взаемната свест, почитувањето, разбирањето и пријателството во Европа и на други места.