За културната рута на писателките на 13-тото Меѓународно летно училиште за музеологија

Главната тема на 13-тото Меѓународно летно училиште за музеологија кое традиционално се одржува во Копер и Пиран (Словенија), беше во согласност со главната тема на овогодишниот Меѓународен ден на музеите „Музеите како културен центар: иднината на традицијата“.
Во рамките на петдневната програма, во име на Форумот на словенски култури, Матеја Јанчар, проектната координаторка во ФСК, ја претстави новата европска културна рута на писателките од 20-тиот век. Меѓу другото, таа истакна: „Наследството на писателките на 20-тиот век е солидна основа за модерна мрежа која ќе овозможи разновидни научни, културни и туристички активности поврзани со женската литература во европски контекст“.
На 13-тото Меѓународно летно училиште за музеологија присуствуваа 22 експерти-предавачи од 5 земји и речиси 40 учесници од 8 земји.

Scroll to Top