ПОСЕБНО ИЗДАНИЕ – КОВИД-19

Културните институции напорно работат на одржување на активности за луѓето да не се чувствуваат целосно изолирани.
Од друга страна, културните творци и работници, честопати во веќе несигурна позиција (самовработени), се наоѓаат во многу тешка ситуација, бидејќи веројатно би можеле да ги загубат приходите за неколку месеци. Затоа, Форумот на словенските култури апелира до своите членови и нивните Министерства за култура да преземат конкретни мерки за решавање на овој проблем.

Секако нè очекува незавидлив период во однос на културата и културното наследство, но во ФСК уште повеќе веруваме во нашата поврзаност, соработка и почит кон останатите и покрај нашите разлики, бидејќи заедно сме посилни и полесно ќе ја надминеме кризата. Веруваме дека ова лето ќе ни даде време за размислување за следните чекори за одржлив развој кога ќе се вратиме на нозе. Ќе одлучиме кои земји се нашите дестинации, и кого најпрво сакаме да посетиме. Подобро ќе се организираме и можеби повеќе ќе им се посветиме и на соседите. Ќе размислиме за колективните и индивидуалните напори за нашата заедница итн.

Сега, исто така е добро време за едно безбедно патување назад кон словенските книжевни пејзажи, каде ќе нè одведе збирката 100 словенски романи на дури седум словенски јазици.
И сега е вистинско време да ги пронајдеме приказните во музеите кои можат да бидат слични на нашата сегашна состојба каде што ќе препознаеме поединци, херои или обични луѓе кои се собрале, помогнале, и се грижеле за сограѓаните…
Исто така е можност да размислиме за улогата и мисијата на музеите. За дефиницијата на овие институции, нивниот начин на работа во променетата околина што мора да биде таков за да не ја изгубат довербата која ја стекнале со помош на истражувањето. Се поставуваат прашања за тоа што музеите можат да понудат сега кога нивните врати се затворени за посетителите. Убедени сме дека имате многу решенија како виртуелно уште повеќе да ги приближите овие институции до луѓето и дека со Вашите активности веќе допринесувате кон креирањето на нова дефиниција за музеите, која ICOM разумно ја одложи минатата година.

Драги пријатели, со нетрпение ги очекуваме Вашите иницијативи, новости и сè друго што сакате да споделите со нас. Испратете ни текстови (јазикот не е важен), фотографии, линкови…

Да изградиме мостови меѓу нас и да ја надминеме неволјата заедно!

Scroll to Top